Во една од најбизарните „пресметки“ на Интернет, англиската фудбалска легенда, Пол Гаскоњ го нападна американскиот рапер Снуп Дог поради еден пост на Инстаграм за последиците на користењето на алкохол.
Снуп Дог на својот Инстаграм профил (кој го следат 33 милиони луѓе), објави фотографија на која го имаше Газа во млади денови и по крајот на кариерата, а под него имаше фотографија од Снуп од минатото и од сегашноста, посочувајќи ја штетноста на алкохолот во однос на марихуаната која раперот ја конзумира во огромни количини.
View this post on Instagram
Гаскоњ, кој повеќе од 15 години се мачеше со алкохолизмот, во петокот наутро врати со пост на Твитер – постирајќи куче со слична фризура како Снуп и златен ланец тој напиша: „Добро утро, Снуп Дог, стани од твојот мрзлив задник, време е за шетање. Ав, ав, ти грд идиоти. Љубов, Газа“.
Morning @SnoopDogg get your lazy arse out of bed it’s walkies time woof woof you ugly twat LOVE GAZZA xxx pic.twitter.com/UoXBnylulX
— Paul Gascoigne (@Paul_Gascoigne8) June 28, 2019