Top Sport

Газдата на Арсенал нема да сопре со купување додека не ја освојат титулата

Винаи Венкатешам, генералниот директор на Арсенал вели дека трошењето на 200 милиони фунти во летнит преоден рок покажува дека газдата на клубот, Американецот Стен Кренке ќе го даде максимумот за да се донесе титулата од Премиерлигата на „Емирати“.

Арсенал веќе ги купија Деклан Рајс од Вест хем, Џуриен Тимбер од Ајакс и Каи Хаверц од Челси, а се поврзуваат со уште трансфери. Венкатешам вели дека инвестицијата на американскиот милијардер во неговите други клубови, како Лос Анџелес рамс и Денвер Нагетс, донела титули и е сигурен дека истото ќе се повтори во Арсенал.

„Минатата сезона оценивме дека е успешна за нас. Го имаме еден од најмладите состави во Премиерлигата кои во новата сезона ќе влезат со дополнително искуство. Исто така го засиливме тимот со три нови играчи кои навистина ги сакавме. Тоа беше значителна инвестиција која ја покажува амбицијата на сопствениците. Тие имаа исклучителен успех во САД, освојувајќи го Суперболот, Стенли купот и НБА титулата, така што сега на ред е титула одд Премиерлигата“, вели Вантекашам.

Scroll to Top