Top Sport

Газдата на Брајтон признава: Не знаев дека Де Ѕерби ќе има вакво влијание

Тони Блум, претседателот и сопственик на Брајтон вели дека од почеток сметал дека Роберто де Ѕерби е добар тенер за неговиот тим, но признава дека не очекувал италијанскиот стручњак да има такво влијание во Премиерлигата.

Де Ѕерби покрај тоа што ги предводеше Брајтон до прв европски пласман минатата сезона, ги импресионираше љубителите на англискиот фудбал со неговиот атрактивен стил на игра.

„Тоа што дојде Роберто беше фантастично, бидејќи тој е елитен тренер. Тој го покажа тоа и во Шахтјор Доњецк и во Сасуоло, но не сфатив какво влијание ќе има. Тој е многу влијателен кај фубалерите, знае да игра квалитетен фудбал, знае да ги развива младите фудбалери и навистина имаме среќа што е со нас. Се надевам дека тоа ќе продолжи долго“, вели Блум.

Scroll to Top