Газдата на Фиорентина, Роко Комисо инсистира дека Федерико Киеза и Душан Влаховиќ потпишале за Јувентус „само поради парите“, и се потсмева со Челси „трошејќи милиони за да завршат на 12. место“.
При обраќање пред студентите на Универзитетот за Економија во Фиренца, тој ги повтори „боцките“ кон поранешните играчи на Фиорентина, Киеза и Влаховиќ.
„Фиорентина никогаш нема да има финансиски проблеми. За трансферите, англиските клубови ги прават работите компликувани. Тие го прават тоа што го прави Јувентус, плаќа повеќе од вредноста на фудбалерите. Ние ги загубивме Киеза, Влаховиќ и Бернардески. Не отидоа во Торино по дресот туку по парите“, вели Комисо.
Фиорентина го продадоа Киеза за 40 милиони евра во 2020, додека Влаховиќ замина кај „бјанконерите“ за 80 милиони евра во јануари 2022.
„Челси потрошија милиони да завршаат 12. во Премиерлигата. Јас барем не трошам ништо. Премиерлигата направи неверојатни работи, но ние сме добри во Европа оваа сезона, така што може да се работи и поинаку“, додава Комисо.
🗣️#Commisso: "Ho imparato a calmarmi. #Salvini e #Renzi? In America i soldi pubblici si usano spesso per lo stadio. Abbiamo, in Italia, gli stadi più vecchi d'Europahttps://t.co/j52yBPIuX4
— Violanews Fiorentina (@violanews) May 16, 2023