Симоне Инзаги е под голем притисок по четирите порази во само осум меча во Серија А, тврди италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“, која посочува дека претседателот на клубот, Стивен Жанг е незадоволен не само од играта, туку и од изјавите на тренерот пред дербио со Рома.
Поразот од Рома е втор во низа за „нераѕурите“ по тој од Удинезе, и иако Жанг уште не донел одлука да го отпушти тренерот, очекува голема промена на формата на тимот пред паузата пореди Светското првенство.
Сепак, Жанг е незадоволен од изјавите на Инзаги пред мечот, посебно кога тој кажа дека „каде и да оди, трофеите пристигнуваат, а приходите растат“, бидејќи му пречи што Инзаги има коментар за финансиската состојба на тимот.
Интер веќе во вторник на „Сан Сиро“ ја пречекува Барселона во меч од Лигата на шампионите.
Inter, e adesso? Inzaghi è sotto osservazione https://t.co/kZAwkURwgL
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) October 1, 2022