Top Sport

Газдата на Интер Мајами, Бекам на гости кај Меси и ПСЖ

Легендата на англискиот фудбал, а сега газда на американскиот МЛС клуб, Интер Мајами денеска се сретна со Лионел Меси, зголемувајќи ги шпекулациите дека Аргентинецот ќе заврши во неговиот клуб.

Бекам, како поранешен фудбалер на Пари Сен-Жермен, беше посебен гостин на тренинзите на клубот, каде што се сретна со Меси и со Марко Верати, кој му беше соиграч во Париз во 2013 година. Иднината на Меси во Пари Сен-Жермен е предмет на големи шпекулации по Светското првенство, и иако во клубот тврдат дека преговорите траат, тој се поврзува со враќање во Барселона, но и преселба во САД.

Scroll to Top