Top Sport

Газдата на Ливерпул вети: Сега, на ред е Премиер лигата

Сопственикот на Ливерпул, американскиот милијардер Џон Хенри вели дека неговиот тим ќе се фокусира на освојување на Премиер лигата следната сезона, откако го кренаа шестиот трофеј од Лигата на шампиони.

Ливерпул немаат лигашка титула од далечната 1990 година, а минатата сезона освоија 97 поени, но ја загубија трката за еден поен од Манчестер сити. Хенри вели дека знае што им значи трофејот на навивачите и вети дека по 30 години, целта е титулата да дојде на „Енфилд“.

„За мене лично, да се освои Европа е поголемо нешто отколку да се освои Англија, меѓутоа вистина е дека навивачите го сакаат трофејот од Премиер лигата. Ќе бидеме фокусирани на таа титула следната година. Момците го дадоа максимумот од првото до последното коло и не беше важно кој е противникот и заслужија трофеј. Го освоивме најголемиот трофеј и јас сум среќен“, вели Хенри.

Хенри имаше ретка посета на Велика Британија да го гледа својот безбол МЛБ тим, Бостон ред сокс како игра со Њујорк јенкис во дуел на стадионот на Вест хем.

Scroll to Top