Top Sport

Газдата на Сампдорија: Платите ќе доцнат малку, но нема да не исфрлат од лига

Масимо Фереро, сопственикот на Сампдорија, ветува дека нема да дојде до исклучување на славниот клуб од Серија А, бидејќи клубот „наследство на УНЕСКО“, иако признава дека платите во клубот „доцнат малку“.

Ситуацијата во Самп не е ветувачка, бидејќи платите за октомври, ноември и декември 2022 не се исплатени, и доколку не се исплатат до 16 февруари, клубот ќе добие казна со поени, во ситуација во која клубот и така се бори за опстанок. Американскиот инвестициски фонд „Мерлин партнерс“ се обиде да го купи клубот минатиот месец, но Фереро не сакаше ниту да се сретне со нивните претставници.

„Фудбалските институции нема да кажат ништо бидејќи во нивни интерес е да ја спасат Сампдорија, ова е наследство на УНЕСКО, историски клуб кој беше роден со фузија на два клуба на 12 август 1946 година. Платите ќе бидат исплатени, никој нема да ја исфрли Сампдорија од лигата. Можеби малку ќе доцнат, но ќе бидат исплатени. Се грижиме за клубот“, вели Фереро.

Фереро мораше да се повлече од позицијата претседател на клубот кога беше уапсен за финансиски нерегуларности во неговите други бизниси во декември 2021.

Scroll to Top