Top Sport

Газдата со необична мотивација: Ако победите, ќе ви купам Плејстејшн 5!

Адвокатот и бизнисмен Хусеин Ал-Анкошеи, претседател на ирачкиот прволигаш Ал-Диванија најде совршен начин да ги мотивира своите играчи – ако на утрешниот ги победат четвртопласираните Ал-Завра на сите играчи ќе им купи Плејстејшн 5.

Бидејќи ПС5 чини над 30.000 денари, победата скапо ќе го чини 33-годишниот бизнисмен, но тој е навикнат на такви бонуси. Голманот Валид Атија, откако одбрани пенал минатиот месец, доби 2.000 долари во кеш.

Scroll to Top