Џош Кренке, синот на сопственикот на Арсенал, Стен, вели дека „топчиите“ завршиле фантастична работа во текот на летниот преоден рок, и дека очекува борба за титулата во 2019/20.
Кренке Јуниор се „изнасмеа“ на извештаите дека Арсенал ќе имаат ограничен буџет ова лето, откако го срушија рекордот на клубот и за 72 милиони фунти го донесоа Николас Пепе, а исто така пристигнаа и Давид Луиз, Киеран Тирни и Дани Себалјос.
„Се шегував со некои од колегите во САД дека без разлика на тоа што се зборува во јули, најдобро е да се смееш во мај и јуни. Знам дека некои сакаа да го прикажат клубот во негативно светло, но ние работиме и мислам дека имавме одлично лето. Решивме дел од проблемите на позициите зза во иднина. Сакавме да бидеме агресивни и фудбалерите да знаат дека кога Арсенал ќе зачука на портите, кажуваш да! Целта секако е да се вратиме во Лигата на шампионите, но борбата за титулата во Премиер лигата треба да е цел на Арсенал секоја сезона. Лигата е најсилна на светот, така што ако тука се бориш за титула, ќе бидеш силен и во Европа. Ова е само почеток“, вели Кренке во интервју за „Би-би-си“.
Арсенал се единствениот клуб покрај Ливерпул, кој има две победи во првите два меча од Премиер лигата оваа сезона.