Top Sport

Газдите на Јуве разочарани од Дибала, тој подготвува „предавство“ со Интер?

Според италијанските медиуми, газдите на Јувентус, Андреа Ањели и Џон Елкан се разочарани од однесувањето на Пауло Дибала, додека во исто време Аргентинецот може да заврши во лутиот ривал Интер со што дефинитивно би станал еден од најомразените кај навивачите на „бјанконерите“.

Иако се веруваше дека е блиску до продолжување на договорот, Дибала станува слободен играч на крајот на сезоната, и Јувентус не се подготвени да му ги дадат посакуваните 10 милиони евра годишно, по што тој не го прославуваше голот против Удинезе во саботата.

Според торински „Тутоспорт“, претседателот на клубот Андреа Ањели и неговиот братучед, Џон Елкан, генералниот директор на „Ексор“, компанијата која го поседува Јуве, Ферари и Фиат, сметаат дека однесувањето на Дибала било неприкладно за некој кој треба да биде лидер на тимот.

Јувентус ќе продолжат со преговорите во февруари, но според „Ил кориере дела сера“, Интер се неочекувани фаворити за неговиот потпис и веќе направиле економски план за него во текот на летото, предводени од Бепе Марота, директорот на Интер (и поранешен прв човек на Јувентус).

Scroll to Top