Српските репрезентативци, Филип Костиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, своите кариери би можеле да ги продолжат во Јувентус, пишуваат италијанските медиуми.
Костиќ, неодамна беше прогласен за најдобра играч во Лига европа, откако со Ајнтрахт го освои ова натпреварување. Костиќ, сезонава во сите натпреварувања постигна седум гола и забележа 15 асистенции (шест во Лига Европа).
„Газета дело Спорт“ пишува дека Костиќ би дошол на местото од Алекс Сандро. За позицијата лев бек, покрај Костиќ, Јувентус се интересира и за Ренан Лоди од Атлетико Мадрид.
Милинковиќ-Савиќ веќе неколку сезони е најдобриот играч на Лацио. Јувентус неколку пати покажуваше интерес за овој фудбалер. Според „Газета дело Спорт“, проблем оштетата што ја бара Лацио за Милинковиќ-Савиќ.
Клубот од Рим нема намера да го пушти својот најдобар фудбалер за помалку од 70 милиони евра.
Доколку Костиќ и Милинковиќ-Савиќ на крајот завршат во Јувентус, тогаш во Торино ќе се формира српска колонија, бидејќи од јануари член на „старата дама“ е Душан Влаховиќ.