Клуб од европскиот крем ќе влезе во трка за потписот на македонскиот репрезентативец, инаку играч на Фенербахче, Елиф Елмаз.
Елмас зад себе има одлична сезона и во клубот и во репрезентацијата, со што и го привлече вниманието на неколку врвни тимови. Тотенхем од Преиер лигата, Борусија Дортмунд од Бундес лигата, односно Лацио, Фиорентина и сега Интер од Серија А се клубовите кои според медиумите сериозно биле заинтересирани за фудбалерот кој во септември ќе наполни 20 години.
Фенербахче има сериозни финансиски проблеми, веројатно поради тоа ќе се согласат да го продадат Елмас но не за сума помала од 20 милиони евра.