Top Sport

Газета дело Спорт: Интер го следат Елмас

Клуб од европскиот крем ќе влезе во трка за потписот на македонскиот репрезентативец, инаку играч на Фенербахче, Елиф Елмаз.

„Газета дело Спорт“ пишува дека името на Елмас се наоѓа во тефтерот на спортскиот директор на Интер, Бепе Марота.

Елмас зад себе има одлична сезона и во клубот и во репрезентацијата, со што и го привлече вниманието на неколку врвни тимови. Тотенхем од Преиер лигата, Борусија Дортмунд од Бундес лигата, односно Лацио, Фиорентина и сега Интер од Серија А се клубовите кои според медиумите сериозно биле заинтересирани за фудбалерот кој во септември ќе наполни 20 години.

Фенербахче има сериозни финансиски проблеми, веројатно поради тоа ќе се согласат да го продадат Елмас но не за сума помала од 20 милиони евра.

Scroll to Top