Италијанска „Газета дело спорт“ пишува дека Интер постигнал договор со белгискиот фудбалер, Ромелу Лукаку кој моментно е играч на Манчестер Јунајтед.
Според пишувањата, Белгиецот би требало да потпише петгодишен договор откако двата клуба ќе ги договорат условите.
Италијанците тврдат дека Лукаку ја прифатил понудата на „нероазурите“ и се согласил на годишна плата од 7.5 милиони евра со бонуси.
Сепак, се уште не е решен потешкиот дел од договорот, а тоа е отштетата. Доаѓањето на Лукаку на „Меаца“ би можело да значи заминување на Мауро Икарди, а ако се знае дека Јунајтед се заинтересирани за Аргентинецот, не е чудо да дојде и до трампа.
Лукаку на „Олд Трафорд“ дојде во 2017 година од Евертон, па на 66 меча за „ѓаволите“ постигна 28 гола.