Хрватскиот фудбалер, Марио Манџукиќ во сезонава не запиша ниту една минута во дресот на Јувентус. Тренерот Маурицио Сари воопшто го нема во плановите и единствена опција за фудбалерот е да пронајде нова средина.
Подолг период тој се поврзува со Манчестер Јунајтед, а Јувентус во тие пишувања гледа можноста да го врати Пол Погба во Торино, пишува „Газета дело Спорт“.
За францускиот ас во Јуве се подготвени да искешираат 50 милиони евра заедно со уште еден или двајца играчи како додаток, а меѓу оние кои би биле дел од размената се споменуваат имињата на Емре Џан, Блас Матуиди и Даниеле Ругани.
Тој договор лесно би можел да биде постигнат, но во целата приказна ќе се вмеша и Зинедин Зидан кој сака во Кралскиот клуб играч од калибарот на Погба.
Информациите се дека Реал за Французинот би бил подготвен да издвои големи пари, а играч кој би се вклучил во евентуалната размена е Хамес Родригез.
Манчестер Јунајтед го имаат последниот збор – дали им требаат играчи како Манџукиќ и Родригез.