Top Sport

Газидис: Чест е да се биде во Милан (видео)

Новиот генерален директор на Милан, долгогодишниот прв човек на Арсенал, Иван Газидис вели дека има „голема чест“ што добива шанса да се покаже во гигантот од Милано и дека ќе го врати клубот „каде што заслужува“.

Иако подолго време беше јасно дека Газидис ќе биде главен во Милан, тој денеска беше официјално презентиран пред бордот на Милан.

„Вистинска чест е што ме избравте да го предводам Милан во новата ера како извршен директор. Би сакал да ги уверам милионите фанови на клубот дека ќе работам со цел дух и срце за клубот. Да го оствариме тоа што го посакуваме за овој голем клуб напорната работа започнува веднаш. Потребна е тимска работа на и надвор од теренот. Сигурен сум дека ќе ги однесеме Милан на местото кое го заслужуваат. Форца Милан“, вели Газидис.

Scroll to Top