Top Sport

Генералниот директор на Милан, Газидис заминува на крајот на годината?

Генералниот директор на Милан, Иван Газидис речиси сигурно ќе си замине од клубот по крајот на неговиот договор на крајот на годината по состанокот на акционерите на „росонерите“ кој се оддржал денеска, тврди „Скај спорт Италија“.

Поранешниот директор на Арсенал бил пречекан со „долг аплауз“ на состнокот, но претседателот на клубот, Паоло Скарони потврдил дека е можно тој да замине.

„Ќе му ја оставиме одлуката на Иван. Му благодариме за тоа што го направи за Милан и лесно е да си претседател кога имаш таков директор“, изјавил Скарони.

Газидис пристигна во Милан во декември 2018 откако работеше девет години во Арсенал и првично беше пречекан со сомнежи кај навивачите. Но, во неговото водење на клубот, тој успеа финансиски да се стабилизира и да биде продаден на „Редбрд“ со прва титула по 11 години и загуби од само 66.5 милиони евра за 2021/22. За споредба, во 2019/20, Милан имаа загуба од 194 милиони евра, а само во последната година, приходите на тимот пораснаа за 14 отсто. Сепак, италијанските медиуми тврдат дека се работи за лична одлука, бидејќи Газидис имаше здравствени проблеми откако му беше дијагностициран рак.

Scroll to Top