Тјери Анри, иако беше презадоволен што неговиот поранешен клуб, Арсенал стигна до 3:2 победа над Манчестер јунајтед во големото англиско дерби и што се одвоија на врвот на табелата, имаше посебно убави зборови за менаџерот на Јунајтед, Тен Хаг.
„Манчестер јунајтед изгледаат целосно поинакви под Ерик Тен Хаг. Да бидам искрен, секогаш сум бил негов голем фан и навистина ми се допаѓа. Тој е тренерот кој му го препорачав на Жоан Лапорта кога Роналд Куман доби отказ во Барселона. Тој е гениј! Да не заборавивме, видовме тим по три години развој и тим под шест месеци развој во овој меч“, изјави Анри за „Си-Би-Ес спортс“.