Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез очигледно застана зад својот човек по обвинувањата за силување од 2009 година, откако двајцата беа забележани на вечера во луксузен ресторан во Париз
Напаѓачот на Јувентус беше „фатен“ од фотографите како си заминува од славниот ресторан „Цезар“ со неговата девојка Георгина, додека неговите адвокати се борат со обвинувањата за силување од Американката Катрин Мајорга за инцидент кој се случил во хотел во Лас Вегас во 2009 година.
Родригез, која е во врска со Роналдо од 2016 година, во саботата објави фотографија во релаксирачка домашна атмосфера. Претходно пак, Роналдо се пофали со фотографија на терасата со својата девојка пред да замине во Португалија на консултации со своите адвокати.