Top Sport

Георгина го „пецна“ Анчелоти: Се надевам дека нема да го демантира и ова!

Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез не остана „имуна“ на изјавата на Карло Анчелоти, одговарајќи индиректно по потврдата на неговото враќање во Манчестер јунајтед, каде што играше од 2003 до 2009.

Пред неколку дена, Анчелоти, невообичаено за него, преку социјалните мрежи порача дека не побарал трансфер на Роналдо и дека Реал Мадрид гледа кон иднината. Сега дојде време на Георгина.

„Се надевам дека Анчелоти нема да излезе да го демантира и ова“, напиша таа со два емотикони.

Анчелоти ја отфрли идејата Роналдо да се врати во Реал Мадрид

Scroll to Top