Перуанскиот капитен, Паоло Гереро потпиша тригодишен договор со Интернасионал од Порто Алегре, Бразил.
Гереро, кој во последен момент доби дозвола да настапи на СП во Русија и покрај позитивниот тест на кокаин, доаѓа во Интернасионал по три сезони во Фламенго.
34-годишниот ветеран претходно играше и за Баерн Минхен, Хамбургер и Коринтијанс.