Top Sport

Герет Бејл отвори нов бар во Кардиф, главната тема е, секако, голфот!

Велшката ѕвезда на Реал Мадрид, Герет Бејл не крие дека покрај фудбалот главна страст во животот му е голфот, по што беше на потсмев на шпанските медиуми. Тоа не му пречеше на Велшанецот во својата татковина да отвори посебен бар за љубителите на овој спорт.

Покрај барот „Пар 59“ во центарот на Кардиф, ќе има и неколку терени за мини-голф.

„Нема засекогаш да играм фудбал. Ме интересира оваа работа и сакам да се вратам во Велс. Тука ќе може да се испие пијачка, но и да се одигра голф“, вели Бејл.

Scroll to Top