Top Sport

Герет Бејл по третпат стана татко

Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл и неговата партнерка Ема Рис-Џонс го добија првиот син, а третото дете во нивното семејство, момче со име Аксел Чарлс. Двојката веќе има две ќерки – петгодишната Алба Виолет и двегодишната Нава Валентина.

„Пресреќни сме што можеме да му посакаме добредојде на малиот Аксел Чарлс Бејл“, напиша Бејл на Твитер.

28-годишниот Велшанец оваа сезона постојано е поврзуван со трансфер од Реал Мадрид, или во Манчестер јунајтед или во Баерн Минхен, но тој останува под договор со „кралскиот клуб“ до 2022 година и неговиот агент тврди дека тој ќе го исполни договорот.

Scroll to Top