Гери Линекер, славниот англиски голгетер, а сега ТВ-коментатор направи мала промена на својата легендарна изјава околу каква игра е фудбалот.
Оригиналната изјава, честопати цитирана секако е: „Фудбалот е игра на 22 луѓе кои трчаат по топка, и на крајот Германците победуваат“. Сега, тој преку Твитер ја објави „апдејтираната“ изјава.
„Фудбалот е едноставна игра, 22 луѓе трчаат по топката 82 минути, по што Германците остануваат со играч помалку, па 21 човек ја брка топката 13 минути, и на крајот Германците некако еб.но победуваат“, напиша Линекер на „Твитер“.
Football is a simple game, 22 men chase the ball for 82 minutes and the Germans get a player sent off so 21 men chase the ball for 13 minutes and at the end the Germans somehow fucking win.
— Gary Lineker (@GaryLineker) June 23, 2018