Top Sport

Гери Невил: Боатенг мисли дека е Бекенбауер!

Двајцата поранешни фудбалери на Манчестер јунајтед, Гери Невил и Рој Кин немаа милост за потенцијално новиот фудбалер на нивниот клуб, германскиот бек Џером Боатенг уште на полувреме на дуелот Германија-Швајцарија.

Боатенг подоцна доби црвен картон (втор жолт) и ги остави Германците со 10 играчи да ја бркаат и да стигнат до 2:1 победата над Шведска за да ги задржат шансите за пласман во осминафиналето.

„Боатенг се шета наоколу како да игра во неделна аматерска лига. Вистинска срамота, и треба бргу да го извадат“, коментираше Кин.

Невил се согласи: „Рој е целосно во право. Вистинска шега. Боатенг поради некоја причина мисли дека е Франц Бекенбауер, дека е главниот играч. Играше под Пеп Гвардиола и почна да си мисли дека е фантастичен фудбалер. Тука се покажа дека живее во илузија – оди напред се меша насекаде“.

По мечот, Рој Кин даде уште посурова оценка.

„Германија играше далеку подобро без Боатенг во тимот“, изјави Ирецот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top