Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, а сега ТВ-коментатор, Гери Невил не се воздржа и отвори шампањско откако на 1 јануари неговиот клуб се израмни со Ливерпул на врвот на табелата во Премиер лигата.
По 2:1 победата над Астон вила на „Олд Трафорд“, Ливерпул е пред Јунајтед само според гол разликата (+8), и иако немаат освоено титула од Премиер лигата од 2013 година, Невил очигледно смета дека серијата без пораз од 1 ноември е доволна причина за славење.
„Среќна Нова година (Заеднички први)“, напиша Невил на Твитер, и доби доста коментари дека малку избрзал со славењето.
Happy New Year ( Joint Top ?) pic.twitter.com/Tbb37iKtUZ
— Gary Neville (@GNev2) January 1, 2021