Top Sport

Гери Невил не се воздржа – отвори шампањско за израмнувањето со Ливерпул

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, а сега ТВ-коментатор, Гери Невил не се воздржа и отвори шампањско откако на 1 јануари неговиот клуб се израмни со Ливерпул на врвот на табелата во Премиер лигата.

По 2:1 победата над Астон вила на „Олд Трафорд“, Ливерпул е пред Јунајтед само според гол разликата (+8), и иако немаат освоено титула од Премиер лигата од 2013 година, Невил очигледно смета дека серијата без пораз од 1 ноември е доволна причина за славење.

„Среќна Нова година (Заеднички први)“, напиша Невил на Твитер, и доби доста коментари дека малку избрзал со славењето.

Scroll to Top