Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, а сега ТВ-коментатор, Гери Невил вели дека претераното славење на играчите на Манчестер сити е голем фактор во нивниот успех во Премиер лигата.
Славењето на Сити беше под лупа по случките на „Олд Трафорд“, кога по поразот на Јунајтед од 2:1 во дербито, Жозе Мурињо ги обвини играчите дека претеруваат со славењето, по што се случи тепачка во ходникот.
Невил, вели, без желба да биде критичен, дека со славењето се добива дополнителен мотив.
„Ќе биде многу тешко да се сопрат. Можете да погледнете како слават, го гледав тоа против Хадерсфилд пред мечот со Јунајтед. Одат предалеку, но тоа не е критика. Кога си на тој бран на прослава и победнички дух тоа се чувствува. Тешко е да се сопрат и не верувам дека некој ќе успее“, вели Невил.