Ден по промоцијата на новиот тренер на Партизан, навивачите на црно-белите изведоа герила кација на во улица „Хумска“.
„Гробари“, ноќта меѓу четвртокот и петокот влегле на стадионот и на источната трибина со огромни букви напиша порака, со која им порачаа на клупските челници дека треба да си заминат од клубот.
Навивачите на Партизан веќе подолго време протестираат против челните луѓе во Партизан, често со погрдни извици упатени кон Милош Вазура, Милорад Вучелиќ и останатите клупски челници.
Во меѓувреме започна „Апелот за спас на Партизан“, со потписи на повеќе од 80 поранешни првотимци на Партизан, со поддршка од сите навивачки групи.
„Гробари“, пред неколку дена се огласија со соопштение, во кое повикаа на нов чекор во нивната борба. Во недела, на 16 јуни, со почеток во 16 часот, во близина на фонтаната Теразие ќе се одржи протестен митинг „За слободен Партизан“.