Top Sport


Германци и Англичани се тепаа во Севилја

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт и Вест Хем се пресметаа низ улиците на Севилја, каде што нивните тимови гостуваат во Лига Европа. Ајнтрахт синоќа го победи Бетис, а Севилја вечерва ќе го пречека Вест Хем.

На видео-снимките кои се појавија на социјалните мрежи, може да се забележи група германски навивачи како трча кон навивачи од Англија, кои седат во еден бар. Потоа започнуваат да фрлаат едни кон други со шишиња и столчиња.

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, очекува 10.000 навивачи на „Рамон Санчез Писхуан“ и покрај тоа што лондонскиот клуб за дуелот со Севилја од УЕФА доби 3.000 влезници.

Scroll to Top