Top Sport

Германците и Французите ја одбиле поканата од Суперлигата

Три клуба одбиле да бидат дел од Суперлигата. Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и ПСЖ не сакале да им се приклучат 12 клубови, кои доцна синоќа, предизвикаа земјотерс во фудбалскиот свет, со објавата дека формираа натпреварвање, кое нема да биде под капата на УЕФА.

Реал, Барселона, Атлетико, Јувентус, Милан, Интер, Арсенал, Челси, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер сити се основачи на оваа лига.

Како сега стојат работите, во нема нема да учествуваат клубови од Германија и Франција.

„Нашиот клуб планира да игра во Лигата на шампиони. Ја одбивме идејата да бидеме едни од основачите на Суперлигата. Мислам дека исто размислуваат и во Баерн“, рекол претседателот на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке.

Радио Монте Карло, објави дека ПСЖ, исто така ја одбиле понудата, а покана била испратена и во Лајпциг, откаде одгориле дека не биле заинтересирани.

Scroll to Top