Германската репрезентација до 21 година, се пласираше во финалето на Европското првенство до 21 година, откако и покрај раната доминација на крајот се намачија за 2:1 победа над Холандија, и во мечот за златото ќе играат со Португалија, која претходно ја победи Шпанија со 1:0.
Младиот „маншафт“ на селекторот Штефан Кунц имаше атомски старт, откако тинејџерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц постигна два гола за само осум минути. Мергим Бериша (РБ Салцбург) потоа имаше одличен слободен удар, но ја погоди само пречката, по што се постигна рамнотежа во играта. Холанѓаните го направија финишот на мечот откако Пер Шурс (Ајакс) во 67. минута намали на 1:2.
Florian Wirtz's first goal in the first minute pic.twitter.com/SbZqrbqOLQ
— Bayern & Die Mannschaft (@eMiaSanMia) June 3, 2021
Wirtz's second goal pic.twitter.com/4QJKXWueqT
— Bayern & Die Mannschaft (@eMiaSanMia) June 3, 2021