Наби Кеита, играчот од средниот ред на РБ Лајпциг, а од лето нов фудбалер на Ливерпул ќе мора да плати 100.000 евра казна, и тоа поради возачка дозвола.
Според германските медиуми, Кеита за да добие возачка дозвола од Европската Унија како доказ дал возачка дозвола од Гвинеја, која била фалсификувана. Ова е само уште една контроверза околу одличниот играч, кој не може да се пофали со дисциплината.
Во септември тој успеа да сврзе три црвени картони во само 39 дена – два во Бундеслигата, еден за својата репрезентација при 4:1 поразот од Тунис, меч во кој тој го постигна единствениот гол.
Кеита потпиша за тимот на Јирген Клоп во текот на летото, но на сосема поинаков начин. Ливерпул ќе ја платат неговата клаузула за отпуштање од договорот една година пред неговиот крај и за тоа ќе платат 60 милиони фунти.