Top Sport

Германците ќе го стават голот од 7:1 триумфот над Бразил во музеј!

Еден од головите од стадионот во Бело Хоризонте, каде што Германија му го нанесе легендарниот 7:1 пораз во полуфиналето на СП во 2014 година, ќе биде пренесен во Музејот на германската фудбалска федерација во Дортмунд како дел од добротоврна акција.

Донацијата се состои од голот и мрежата во која влегоа пет германски голови во првото полувреме од мечот кој никогаш нема да се заборави.

„За жал, не можеме да ја смениме историјата, но најдовме начин некои луѓе да добијат нешто од тој натпревар – средствата собрани во Германија ќе се искористат за проекти во Бразил. Досега се осигурани барем 100.000 евра“, вели Лудмила Хименес од регионалната власт во Минеирао.

Се планира мрежата да се подели на 8.150 парчиња, кои потоа ќе се продаваат за симболична сума од 71 евра, со што би се собрале над половина милион евра. Другиот гол останува во Бразилскиот фудбалски музеј во Бело Хоризонте.

На славниот меч на 8 јули 2014, Бразил сонуваше за шестата светска титула, но доживеа најтежок пораз во историјата, во меч кој беше шокантен за сите кои го гледаа. Германија постигна пет гола во првиот половина час од мечот, за пет дена подоцна да ја совладаат Аргентина со 1:0 за да стигнат до четвртата светска титула.

Scroll to Top