Стратегот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, според годишната плата која ја добива од националниот Сојуз, ја предводи листата на селектори чии тимови ќе учествуваат на Светското првенство во Русија. Лев има 19 пати поголема плата од сенегалскиот селектор, Алуи Сисе, кој според годишната плата е последен на оваа листа.
Фудбалскиот сојуз на Германија на 58-годишниот тренер, кој пред четири години ја освои светската титула, нагодишно ниво му плаќа 3,85 милиони евра.
На оваа листа втор е бразилскиот предводник Тите, а зад него се Дидие Дешам (Франција) и Хулен Лопетеги (Шпанија).
Изненадувачки на оваа листат високо котира селекторот на репрезентацијата која е домаќин на Светското првенство. Станислав Чечрчешов има годишна плата од 2,6 милиони евра.
На листата одлично котираат селекторите на Англија, Португалија, Аргентина, Иран, Уругвај и Египет.
Кога ќе се погледна листата пмалку нестварно делува и податокот дека селекторот на Полска, репрезентација што се наоѓа на осмото место на ФИФА листата, Адам Навалка, годишно заработува само 270.000 евра.
Годишни плати на селекторите чии селекции ќе играат на СП:
1. Јоаким Лев (Германија) – 3.850.000 евра
2. Тите (Бразил) – 3.500.000
3. Дидие Дешам (Франција) – 3.500.000
4. Хулен Лопетеги (Шпанија) – 3.000.000
5. Станислав Черчешов (Шпанија) – 2.600.000
6. Фернандо Сантош (Португалија) – 2.250.000
7. Карлос Кеирош (Иран) – 2.000.000
8. Герет Саутгејт (Англија) – 2.000.000
9. Хорхе Сампаоли (Аргентина) – 1.800.000
10. Оскар Табарез (Уругвај) – 1.700.000
11. Ектор Купер (Египет) – 1.500.000
12. Хосе Пекерман (Колумбија) – 1.500.000
13. Хуан Антонио Пици (Саудиска Арабија) – 1.440.000
14. Берт Ван Марвијк (Австралија) – 1.250.000
15. Рикардо Гарека (Перу) – 1.150.000
16. Хуан Карлос Осорио (Мексико) – 1.050.000
17. Еге Харејде (Данска) – 1.000.000
18. Вахид Халилхоџиќ (Јапонија) – 1.000.000
19. Роберто Мартинез (Белгија) – 1.000.000
20. Владимир Петковиќ (Швајцарија) – 850.000
21. Ерве Ренар (Мароко) – 780.000
22. Хејмир Халгримсон (Исланд) – 700.000
23. Златко Далиќ (Хрватска) – 550.000
24. Гернот Рор (Нигерија) – 500.000
25. Јане Андерсон (Шведска) – 450.000
26. Шин Тае-јонг (Јужна Кореја) – 450.000
27. Ернан Дарио Гомес (Панама) – 400.000
28. Набил Малул (Тунис) – 300.000
29. Оскар Рамирес (Костарика) – 350.000
30.. Младен Крстајиќ (Србија) – 300.000
31. Адам Навалка (Полска) – 270.000
32. Алиу Сисе (Сенегал) – 200.000