Актуелните светски шампиони, Германија се вратија по незгодниот пораз од Австрија (2:1) за рутинска 2:1 победа над Саудиска Арабија во „Бајарената“ во Леверкузен, но повторно изостана воодушевувањето од „маншафт“ кој треба да ја одбрани титулата во Русија.
Изгледаше дека победникот на мечот е решен рано, откако Тимо Вернер во осмата минута донесе брзо водство, а Омар Хавсави си постигна гол во 43. минута од мечот.
Но, откако Јоаким Лев направи низа промени во второто полувреме, вклучувајќи го и излегувањето на голманот Мануел Нојер да направи место за Марк-Андре Тер-Штеген, на крајот Саудијците можеа да стигнат и до реми.
Во 84. минута, Саудијците добиваат пенал, и иако ударот на Мохамед Ал Салави е одбранет од Тер Штеген, на топката налетува Таисир Ал Џасим и намалува на 2:1.
Сега, Германија патува во Русија, каде што е фаворит во групата со Мексико, Шведска, Јужна Кореја, додека Саудиска Арабија ќе се бори за изненадување во групата со Русија, Уругвај и Египет, каде што се најнискорангирана репрезентација (веднаш зад домаќините).
Фото: ЕПА