Top Sport

Германците тврдат: Гвардиола ќе се врати во Баерн

Нико Ковач пре десет дена доби отказ од Баерн Минхен и од тој момент започнаа шпекулациите околу неговиот наследник. Баерн со привремениот тренер Флик забележаа две значајни победи, против Олимпијакос (2:0) и Борусија Дортмунд (4:0).

Кој ќе биде новиот тренер на Баерн? Со ова прашање се занимава германската спортска јавност.

Во игра наводно се докажани тренерски имиња (Арсен Венгер, Жозе Мурињо, Ерик тен Хаг, Масимилијано Алегри).

Денес германските медиуми најавуваат дека Пеп Гвардиола ќе се врати во Минхен по завршувањето на сезоната.

Шпекулациите се поттикнати од вчерашниот пораз на Манчестер сити во Ливерпул (3:1). Со поразот „граѓаните“ значително си ги намалија шансите дека ќе можат да ја одбранат титулата.

Водечките германски медиуми пипуваат дека Гвардиола со задоволство би се вратил во Баерн, каде би започнал да работи на нов долгорочен проект.

Scroll to Top