Top Sport

Германците со закана за Кардиф за фаулот над Сане (видео)

Германската фудбалска федерација (ДФБ) официјално прати предупредување до англискиот второлигаш Кардиф, откако Џо Бенет имаше хорор-старт на Лирој Сане во дуелот од ФА купот против Манчестер сити.

Шокантниот старт на Бенет на крајот беше „награден“ со жолт картон, кој лесно можеше да биде и црвен. Германската фудбалска федерација преку својот Твитер акаунт едноставно мораше да реагира посебно бидејќи планираат на својот репрезентативец Сане на Светското првенство во Русија.

„Еј, Кардиф сити, само да ви кажеме, на лето имаме еден важен турнир. Ве молиме не ги повредувајте нашите играчи. Ви благодариме“, напишаа од ДФБ.

Супер-гол на Де Бројне, лесна задача за Сити (видео)

Scroll to Top