Top Sport

Германија прв фаворит на Мундијалот во Русија

Влијателниот британски весник „Гардијан“ ја објави листата на фаворитите за освојување на титулата на Светското првенство кое од 14.јуни до 15.јули 2018 година ќе се одржи во Русија.

Според „Гардијан“ седум месеци пред почетокот на Мундијалот најголем фаворит е Германија, која во Русија ќе ја брани титулата која ја освои во Бразил.

Зад Германија следуваат Бразил, Шпанија, Франција, Белгија, Португалија, а според весникот седми фаворит е Нигерија. Кругот на првите десет фаворити за титулата го затвораат Полска, Аргентина и Уругвај.

Од балканските простори на Светското првенство ќе играат Хрватска и Србија. Според британскиот весник Хрватска е 13., а Србија 19,фаворит на Мундијалот.

Најмалку шанси за освојување на титулата им се даваат на Панама, Сауди Арабија и Австралија.

Scroll to Top