Во неверојатен меч одбележан со многу снег и пресврти, Келн загуби од Фрајбург и покрај тоа што имаше водство од 3:0 против претпоследниот тим во Бундеслигата.
Лукас Клинтер во осмата минута, Сехру Гираси во 14. минута од белата точка и автоголот на Кејлеб Станко во 29. минута донесоа неверојатно 3:0 водство во првиот меч на новиот тренер Штефан Рутенберг.
Пред пеналот за 2:0, судијата Роберт Кампка мораше да го најде пеналтикот со мерење со одење.
Фрајбург невееројатно се вратија во игра во второто полувреме, откако прво намалија преку Нилс Петерсен во 39. минута од мечот. Јаник Хаберер во 65. минута намали на 3:2 со одличен финиш, пред во драматичен финиш, прво Нилс Петерсен од пенал да израмни на 3:3, пред со уште еден пенал Петерсен да ја донесе победата.
Мечот започна час и половина подоцна поради временските услови. Пред стартот, мораше да се тргне големата количина од снег, по што се пушти греењето на теренот. Свежиот снег предизвикуваше големи проблеми, за на крајот да се игра со портокалови топки и црвени линии.