Папи Фати (28), репрезентативецот на Бурунди, починал во текот на натпреварот помеѓу Малатани (Свазиленд) и Мамба (Јужна Африка). Фати по 15 минути игра паднал на теренот, а лекарите не успеале да го реанимираат, починал на патот кон болницата.
Ден претходно, тој изјавил дека лекарите го советувале да престане да игра фудбал, поради проблемите со срцето, но тој решил да ги игнорира нивните совети.
Footballer dies of a heart attack
Papy Faty died this Thursday at age 28. It was one of the pillars of Burundi, a team that won for the first time in its history to qualify for the African Cup. pic.twitter.com/AbjrbNRv4g
— Moises Lopez (@chapoisat) April 26, 2019
Фати, пред Малатани, седум години настапувал за Бидвест во Јужна Африка, а како млад фудбалер во периидот од 208 до 2011 година бил играч на Трабзон, но не одиграл ниту еден меч за овој турски тим. Една сезона играл во Холандија, во Мастрихт.
https://twitter.com/isothamlilo/status/1121033317128835073