Бразилецот Малком, чии филмски трансфер од Бордо во Барселона обележа еден период од летниот преоден рок во 2018 година, по само шест месеци проавил желба да г напушти „Ноу Камп“.
Приказната е веќе добро позната, минатото лето Малком ги договори сите услови со Рома, сите го чекаа на аеродромот во Рим, но тој во последен момент реши да ја смени одлуката.
Додека го чекаа во Рим тој се појави во дресот на Барселона. Каталонците за неговиот трансфер издвоија 40 милиони евра.
Времето покажа дека Малком не е „материјал“ за Барселона. Во првиот дел од сезоната не започна ниту еден меч во првенството и во Лигата на шампионите, иако во елитната лига успеа да постигне еден гол (против Интер во ремито 1:1).
На последниот меч во првенството против Еибар, 21-годишникот воопшто не беше во протоколот, а истото ќе се случи и вечерва против Леванте. Барселона од 21.30 часот ќе го игра осмина-финалниот реванш во Купот.
Ова значи дека Малком може да си оди, а интерес за него покажуваат екипи од Англија и Италија. Според шпанските медиуми најреално е тој да замине во Кина, бидејќи само кинеските клубови имаат желба да издвојат 40 милиони евра за неговите услуги.