Top Sport

Гибралтар за почеток на Лигата на нации

УЕФА откако ги одреди групите за настап во новата Лига на нации, и Македонија се „падна“ во групата со Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар, го одреди и распоредот на натпреварување.

Македонија почнува со апсолутниот аутсајдер во групата, Гибралтар на 6 септември, по што играме со силната Ерменија со Мхитарјан на 9 септември (дома) и на 16 октомври (гости), Лихтенштајн (13 октомври и 16 ноември), за да ги завршиме натпреварувањата на на 19 ноември со гостување во Гибралтар (поточно на неутрален терен, бидејќи во малата нација нема прикладен стадион).

Селекциите кои ќе ги освојат групите ќе играат во плеј-офот во март 2020 година, кога ќе треба да се добијат последните четири патника за Европското првенство во 2020 година.

Лига на нации: Македонија ќе игра против Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар

Scroll to Top