Маркус Гисдол, тренерот на Локомотив Москва, ја напушти функцијата во знак на протест од руската инвазија врз Украина. Овој 52-годишен Германец, во клубот пристигна пред четири месеци, на препорака на Ралф Рангник.
„Нема подобра работа во светот од тренерската. Јас тоа не можам да го работам во држава чии претседател нападна друга европска држава. Тоа не е според моите вредности, поради тоа поднесов неотповиклива оставка. Не можам да бидам во Москва, да држам тренинзи и во исто време да барам од играчите да се однесуваат професионално, кога знам дека на неколку километри од тренинг-центарот се носат одлуки против една земја. Ова е моја лична одлука, сметам дека е исправна“, им изјавил Гисдол на германските медиуми.
Маркус Гисдол, целата своја кариера како играч и тренер, дод доаѓањето во Русија, ја минал во Германија.