Селекторот на Велс, Рајан Гигс, признал дека неговиот фудбалер Даниел Џејмс покажал малку актерски способности по судирот со Домагој Вида на мечот помеѓу Велс и Хрватска (1:1) во Кардиф.
Џејмс и Вида имаа „воздушен дуел“ по кој Велшанецот останал без свест, но Гигс уверува дека работата била далеку од сериозна.
„Џејмс падна и малку глумеше кога остана на тревата. Медицинскиот тим се увери дека се е во ред, на полувремето направивме и тесто со потрес на мозокот. Падна и им кажал на докторите: Нема да се мрдам само ќе седам мирно“, рекол Гигс.
Иако не признал дека глумел и Џејмс потврдил дека дуелот не бил сериозен.
„Имаше неколку стартови, но тоа и го очекуваш во вакви натпревари. Добро ме погоди во главата, за среќа не се онесвестив“, рекол фудбалерот на Манчестер Јунајтед.