Top Sport

Гигс: Џејмс малку глумеше дека добил удар

Селекторот на Велс, Рајан Гигс, признал дека неговиот фудбалер Даниел Џејмс покажал малку актерски способности по судирот со Домагој Вида на мечот помеѓу Велс и Хрватска (1:1) во Кардиф.

Џејмс и Вида имаа „воздушен дуел“ по кој Велшанецот останал без свест, но Гигс уверува дека работата била далеку од сериозна.

„Џејмс падна и малку глумеше кога остана на тревата. Медицинскиот тим се увери дека се е во ред, на полувремето направивме и тесто со потрес на мозокот. Падна и им кажал на докторите: Нема да се мрдам само ќе седам мирно“, рекол Гигс.

Иако не признал дека глумел и Џејмс потврдил дека дуелот не бил сериозен.

„Имаше неколку стартови, но тоа и го очекуваш во вакви натпревари. Добро ме погоди во главата, за среќа не се онесвестив“, рекол фудбалерот на Манчестер Јунајтед.

Џејмс три минути бил без свест па продолжил да игра (Видео)

Scroll to Top