Top Sport

Гигс: Единствен пат кога плачев на терен

По 24 години на „Олд Трафорд“, Рајан Гигс открива дека единствен пат кога плачел како професионален фудбалер било по освојувањето на Лигата на шампионите со победата над Баерн Минхен во 1999 година.

Велшанецот се повлече од спортот во 2014 година, откако освои 13 титули во Премиер лигата и четири ФА куп титули, но супер-финалето против Баерн Минхен во кое Манчестер јунајтед се врати со два брзи гола во последните минути од мечот за да ја освои титулата во ЛШ, прва по 1968 година, била навистина исклучителна.

„Најдобриот момент на теренот беше кога заврши тој меч на ‘Ноу Камп’ и искрено плачев. Тоа беше единствениот пат да плачам, бидејќи емоциите едноставно беа несопирливи“, вели Гигс.

43-годишниот Гигс, од друга страна, не може да избере еден исклучителен момент во соблекувалната на Јунајтед.

„Не ми доаѓа на ум ниту еден натпревар, но најверојатно тоа беа големите победи, Лигата на шампионите, кога сите славевме. Тогаш сите уживавме. Имаше некои навистина фантастични моменти. Едвај чекаш да почне славјето“, вели Гигс.

Scroll to Top