Top Sport

Гигс: Манчестер јунајтед направи „кралски грешки“ со трансферите

Рајан Гигс дал интересено интервју за „Тајмс“. Говорел за Манчестер јунајтед, за тренерската работа и уште неколку интересни теми. Интересно Гигс во интервјуто го кртикува Јунајтед, односно начинот на кој клубот работи во ерата по заминувањето на сер Алекс Фергусон.

Краток период Гигс беше привремен менаџер на Манчестер јунајтед, но вистинска шанса да го водат клубот добија најпрвин Дејвид Мојс, потоа Луј ван Гал и сега Жозе Мурињо.

Легендата на Манчестер јунајтед е убеден дека клубот направил „кралски грешки“ кога се во прашање трансферите. Тој е убеден дека пво клубот не постои визионер што придонело Габриел Жесус да игра во градскиот ривал Манчестер Сити, а Килијан Мбапе е фудбалер на ПСЖ.

Исто така нагласил дека со Ван гал често има расправии околу продавањето на фудбалери.

„Го гледав Габриел Жесус пред три години. Мбапе го следев цела година. Ги гледав заедно со скаут на клубот и тука немаше простор за размислување, јасно беше какви фудбалери се тие. Тогаш тоа ќе чинеше пет милиони фунти, можеби нешто повеќе. Ги убедував да ги купат па да ги испратат на позаијмица додека не се изградата како фудбалери. Тоа ќе беше одлично решение“, рекол Гигс.

Scroll to Top