Top Sport

Гигс: Мурињо? Во овој момент тој е најдобар за Јунајтед

Тешки моменти од почетокот на сезоната преживува Манчестер јунајтед на чело со менаџерот Жозе Мурињо. „Црвените ѓаволи“, во првите три кола од почетокот на сезоната, забележаа два порази.

Под најголем притисок е Мурињо. Голем е бројот на оние што бараат негова смена, но со нив не се согласува клупската легенда Рајан Гигс, кој смета дека Јунајтед, во овој момент, има вистински тренер и ги повикал навивачите да се обединат во поддршката за клубот.

„Манчестер јунајтед има одличен тренер, тој е вистинскиот човек и треба да остане. Време е навивачите да се обединат и да ги поддржат клубот и менаџерот. Ова се тешки времиња, но и порано сме имале вакви периоди од кои сме излегувале како победници“, рекол Гигс.

„Кога го донесоа Мурињо, сакаа тренер-победник. Очекуваа менаџер што ќе им донесе се. Дали е тоа Мурињо? Дали е тој вистински менаџер за Јунајтед? Веројатно не. Тој е одбран во ситуација кога сите сакаа што побргу клубот да се врати на врвот. Сега во овие моменти треба да им покажеме на сите дека сме со нив“, дополнил легендарниот фудбалер.

Двата порази во првите три кола во Премиер лигата е најлошиот старт во првенството на Манчестер јунајтед уште од сезоната 1992/1993.

Scroll to Top